Утрински Весник
Спорт

Меси прв асистент во најдобрите пет лиги во Европа

Фабрегас: Меси ќе игра до 40 години

Виго, 27 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси забележа две асистенции во натпреварот од 32. коло на Ла Лига со Селта Виго (2:2).

И во двата случаи Аргентинецот му асистираше на Луис Суарез – во 20. и 67. минута.

Меси со овие две асистенции има вкупно 11. Аргентинецот води во оваа статистичка категорија меѓу играчите во најдобрите пет лиги во Европа.

На второ место е Томас Мулер од Баерн (10 асистенции), а по нив следуваат Анхел Ди Марија од ПСЖ, Џејдон Санчо од Борусија и Винченцо Грифо од Фрајбург, сите со по седум асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина