Утрински Весник
Спорт

Меси е најпродуктивниот активен играч во Ла Лига по влез на терен како замена

Фабрегас: Меси ќе игра до 40 години

Барселона, 10 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси е најефикасниот активен фудбалер на шпанската Ла Лига, откако на терен влегол од клупата за резерви.

Аргентинецот постигна 24 гола во шампионатот на Шпанија, како замена. Ова е рекорд кај сегашните играчи.

Во историјата на елитната шпанска лига, само двајца играчи имаат подобри показатели од Меси. Тоа се Хулио Салинас (28 гола) и Оскар Де Паула (27).

Триесет и двегодишниот Меси оваа сезона на сите турнири одигра 31 натпревар за Барселона и постигна 24 голови со 16 асистенции. Во првенството има 22 натпревари, 19 голови и 12 асистенции.

Меси е десеткратен шампион на Шпанија, четирикратен победник во Лигата на шампиони. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина