Утрински Весник
Спорт

Меси даде 500 илјади евра за борбата против коронавирусот

Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот

Барселона, 11 мај 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси донираше 500 илјади евра на фондација во Аргентина, која се бори против коронавирусот, пренесува „TyC Sports“.

Оваа сума ќе се искористи за набавка на заштитна облека и маски за лекари и здравствени работници, потрошни материјали и апарате за вештачка вентилација.

Оваа сезона, 32-годишниот Меси запиша 24 голови и 15 асистенции на 31 натпревар за Каталонците.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига