Утрински Весник
Технологија

МЕСА ќе одржи уште еден онлајн турнир за видео-игри

МЕСА ќе одржи уште еден онлајн турнир за видео-игри

Скопје, 30 јуни 2020 (/) – Македонската еспорт асоцијација (МЕСА) го организира вториот онлајн турнир оваа година во популарната видео игра „Counter Strike: Global Offensive”. Натпреварувањата ќе се одржуваат од 1 до 5 јули со борба помеѓу најдобрите домашни тимови.

– Гејминг и еспорт сцената имаат голем потенцијал да го олеснат секојдневието во овие уникатни периоди, покрај изворот на забава, видео игрите имаат и голема социјална моќ и можност да ги зближат луѓето. МЕСА со своите поддржувачи активно ја демонстрира оваа нова реалност и ја унапредува положбата која видео игрите ја имаат во македонското секојдневие. Моќта на гејмингот беше препознаена и од Светската здравствена организација која од почетокот на оваа година во соработка со популарни лица од гејминг сцената создаде интернет кампања под мотото #PlayApartTogether. Домашната сцена штотуку почнува да добива структура како и континуирани и компетентно организирани настани кои дополнително помогаат во етаблирање и афирмирање на гејмингот како двигател во општеството, изјави Константин Пејоски, претседател на Македонската еспорт асоцијација.

Преносот на овој турнир ќе оди во живо на најпознатата платформа за стриминг на видео игри Твич – Twitch.tv/mesa_esports. Преносот во живо за време на работната недела, односно од среда до петок ќе започне од 18:00 часот, додека почетокот на стримот за викенд ќе започне од 11:00 часот.

Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: EU House и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Нексио, Неотел, Галерија, Pizza Jakomo и GG.MK. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META