Утрински Весник
Спорт

Мертенс и Наполи ги „здробија“ Лацио за пола час

Мертенс и Наполи ги „здробија“ Лацио за пола час
Dik 300x250 mk

Вечерта која што во Неапол почна со емотивно откривање на статуата на големиот Диего Армандо Марадона, на крајот заврши со голема 4:0 победа на Наполи над Лацио во режија на најдобриот стрелец во историјата на наполитанскиот клуб, Белгиецот Дрис Мертенс.

Пјотр Зиелински уште во седмата минута со убав удар ги донесе домаќините во водство, а само три минути подоцна Мертенс, кој оваа сезона поради повреди не играше многу зголеми на 2:0. Најубавиот момент беше во 29. минута, кога Мертенс погоди апсолутно прекрасен гол за најава на „потоп“ на гостите од Рим.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во 74. минута да влезе како замена, а Фабијан Руиз во 85. минута стави точка на победата, со која Наполи се одвои на три поени од Милан на врвот на Серија А. За Лацио, пак, под водство на поранешиот миленик на публиката во Неапол, Маурицио Сари, ова е втор пораз во низа и тие во моментов се само на осмото место на табелата.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Мертенс и Наполи ги „здробија“ Лацио за пола час <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане