Утрински Весник
Свет

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за нејзината работа.

„ Ова канцеларство беше едно од најважните во историјата на републиката“, рече Штајнмаер во Бундестагот, врачувајќи ѝ документ за престанок на нејзините надлежности.

Денеска се одржа првата организациска седница на новиот германски парламент. Меркел и другите членови на германската влада сега ќе работат како вршители на должност додека Германија не добие нова влада.

Можете да прочитате

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози

Одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната „не е позитивен“