Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел: Сочувствувам со Украинците, руската агресивна војна е пресвртница во историјата на Европа

Меркел: Сочувствувам со Украинците, руската агресивна војна е пресвртница во историјата на Европа
Img 7972

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел остро го осуди рускиот напад врз Украина и оцени дека станува збор за очигледно кршење на меѓународното право и војна за агресија.

„Оваа агресивна војна на Русија претставува длабока пресвртница во историјата на Европа по крајот на Студената војна. Нема оправдување за ова очигледно кршење на меѓународното право и најостро го осудувам“, изјавила Меркел, пренесува Дојче веле.

Таа кажала дека сочувствува со украинскиот народ и неговото раководство.

„Моите мисли и солидарност се во овие страшни моменти со украинскиот народ и владата на претседателот Володимир Зеленски“, нагласи поранешната канцеларка.

Меркел, која беше канцеларка кога Русија го анектираше Крим во 2014 година, а потоа повика на продолжување на дијалогот со Москва, истакна дека ситуацијата сега е поинаква поради руската инвазија на Украина во целост.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите