Утрински Весник
Свет

Меркел: Принудени сме да реагираме, двојно се зголеми бројот на пациенти на интензивна нега

Меркел: Принудени сме да реагираме, двојно се зголеми бројот на пациенти на интензивна нега

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека коронавирусот се однесува поинаку и поагресивно на пониски температури.

Таа рече дека Германија морала да реагира воведувајќи нови ограничувања во врска со јавниот живот, со цел да се заштити здравствениот систем.

„Не можеме да дозволиме ова брзо ширење на вирусот да го совлада нашиот здравствен систем“, истакна Меркел на прес-конференција.

Таа посочи дека бројот на пациенти со коронавирус во единиците за интензивна нега е двојно зголемен во изминатите десет дена, пренесува „Ројтерс“.

Поради големиот пораст на бројот на заболени од коронавирус, Германија од денес воведе драстични мерки со цел да се потисне ширењето на пандемијата.

Во Германија досега 548.156 лица се заразиле со коронавирус, додека 10.638 лица починале како резултат на оваа инфекција, покажуваат податоците на страницата Worldometers.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење