Утрински Весник
Свет

Меркел на 14 септември во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан

Меркел на 14 септември во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Тирана на 14 септември, објави „Еуроњуз Албанија“, повикувајќи се на неименувани извори.

Во Албанија, Меркел ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес.

Како што се наведува, средбите ќе се одржат на ниво на премиери.

Најважната компонента на Берлинскиот процес е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично има за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката.

„ Самитите одржани во Германија, Австрија, Франција и Италија помогнаа да се воспостави комуникација меѓу балканските лидери, како и да се дизајнираат неколку инфраструктурни проекти. Одобрените проекти за секоја од шесте земји од Западен Балкан се финансирани делумно од механизмите на ЕУ, а делумно од самите нив“, пренесува телевизијата „Топ чанел“.

Меркел по вторпат ќе биде во официјална посета на Тирана, по посетата во јули 2015 година.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници