Утрински Весник
Свет

Меркел: Европа не може да ги реши сите светски проблеми, особено не тензиите на Блискиот Исток

Меркел: Европа не може да ги реши сите светски проблеми, особено не тензиите на Блискиот Исток

Европа не може да ги реши сите проблеми на светот со еден потег, а особено не оние што се премногу комплицирани како Блискиот Исток, вели германската канцеларка Ангела Меркел.

Жестоките судири меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа траат веќе 10 дена. Хамас истрела повеќе од 3.000 ракети, убивајќи 12 Израелци. Израелските сили одговорија со бомбардирање на Газа, убивајќи повеќе од 220 Палестинци, меѓу кои и неколку деца.

Сите напори на меѓународната заедница не вродија со плод, така што и покрај најавениот прекин на огнот, бомбардирањето продолжува.

Меркел потсети на обидите на ЕУ да стави крај на граѓанската војна во Либија, наведувајќи дека мировниот процес бил поуспешен кога го презеле Обединетите нации.

Коментирајќи понатаму за конфликтот на Блискиот Исток, Меркел рече дека Германија го поддржува правото на Израел да се брани и додаде дека масовните акции на израелските одбранбени сили (ИД) се вистинската работа. Сепак, таа истакна дека не верува дека тоа ќе придонесе за долготраен мир во регионот.

„Ние сакаме да придонесеме во дипломатските напори да се обезбеди долгорочно и одржливо решение за регионот“, рече таа, додавајќи дека дел од процесот за постигнување мир или барем примирје ќе биде организирање индиректни преговори со Хамас.

Можете да прочитате

Избрана е најпријателската земја во Европа

Крипто пирамидална шема и во Холандија

Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија