Утрински Весник
Свет

Меркел до Бенет: Германија носи одговорност за Израел

Меркел до Бенет: Германија носи одговорност за Израел

Канцеларката Ангела Меркел рече дека Германија сe уште носи одговорност за Израел, додека разговараше со премиерот Нафтали Бенет за време на нејзиното последно официјално патување во земјата.

„Холокаустот, се разбира, е единствен настан за кој ние и понатаму сме одговорни. Во секоја фаза од минатото, како и во иднина“, рече Меркел.

Бенет ја пофали улогата на Меркел во консолидирање на специјалниот однос меѓу двете земји врз основа на историската, длабока рана нанесена од нацистичка Германија врз Евреите во Втората светска војна.

Меркел планираше патување во Израел на крајот на август, но тоа беше одложено поради развојот на ситуацијата во Авганистан и доаѓањето на Талибанците на власт.

Подоцна во неделата, канцеларката во присуство на Бенет планира да положи венец во Меморијалниот центар Хад Васем во Ерусалим.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија