Утрински Весник
Свет

Меркел: Белорусија користи беспомошни луѓе за хибриден напад на ЕУ

Меркел: Белорусија користи беспомошни луѓе за хибриден напад на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по втор пат разговарала за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија со рускиот претседател, Владимир Путин, порачувајќи му дека Белорусија распоредува беспомошни луѓе со цел, за како што рекла, хибриден напад.

„Меркел му укажа на Путин дека ситуацијата на границата, каде што има стотици премрзнати мигранти на ничија земја меѓу две држави, е предизвикана од Белорусија“, посочил нејзиниот портпарол Штефен Зајберт во соопштение кое го пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот