Утрински Весник
Македонија

Мерење температура при влез во институциите и трговски објекти во Крива Паланка

Поставени пунктови за дезинфекција на возила во Крива Паланка

Крива Паланка, 16 јуни 2020 (МИА) – Доследно почитување на протоколите за социјална дистанца како и препорака за набавка на соодветни апарати за мерење на телесна температура и нивно секојдневно користење при влез на вработените во институциите, трговските и производствени капацитети со над пет вработени лица, препорача општинскиот кризен штаб на Крива Паланка на последната одржана седница.

– На состанокот утврдено е Јавното претпријатие „Комуналец“ да подготви нов месечен план за дезинфекција на јавни површини и во координација со Територијалната противпожарна единица да изврши дезинфекција на сите јавни површини, согласно динамиката и временската рамка, како и на влезовите на сите колективни станбени згради на подрачјето на Општина Крива Паланка, урбана опрема и граничен премин Деве Баир. Посочено е државниот пазарен инспекторат треба да продолжи со зајакната контрола над почитувањето на безбедносните мерки и протоколите за заштита во сите трговски објекти на подрачјето на општината и во соработка со ОВР Крива Паланка да продолжат со зајакната контрола над почитувањето на протоколите за заштита и протоколот за работа на сите угостителски објекти во Крива Паланка, информираат од општински кризен штаб, Крива Паланка.

Отворената телефонска линија 078 30 30 60 за помош и консултација на граѓаните во врска со превенција и спречување на ширење на Ковид-19 останува активна, а сите граѓани кои имаат потреба од психо-социјална поддршка, дистрибуција на храна, заштитни средства, лекови друго, можат истата да ја остварат преку мобилните волонтерски тимови на ОО Црвен Крст-Крива Паланка по претходно пријавување на наведениот телефонски број. иб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“