Утрински Весник
Спорт

Менхенгладбах победи во дербито на двете Борусии

Менхенгладбах победи во дербито на двете Борусии

Дербито во Бундес лигата помеѓу двете Борусии го доби тимот од Менхенгладбах. Победникот го реши голот на Денис Закарија.

Без неколку важни играчи, меѓу кои беше и Ерлинг Халанд, Борусија од Дортмунд не успеа да го избегне поразот од Менхенгладбах.

Закарија го постигба единствениот гол во 37.минута, а само неколку минути подцна се случи клучниот момент, кога поради вториот жолт картон беше исклучен Дауд.

Со играч помалку на теренот гостите од Дортмунд не може да им се спротивстават на противникот.

Борусија од Менхенгладбах со овој триумф дојдоа до седум поени и се искачија на 11.место на табелата, додека клубот од Дортмунд со 12 бода се наоѓа на четвртото место.



> Менхенгладбах победи во дербито на двете Борусии <

Можете да прочитате

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото