Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Менструална правда во македонското општество

Менструална правда во македонското општество
300x250 opst2

Во организација на Форумот на жени на ДОМ, денеска се одржа онлајн трибина на тема „Менструална правда во македонското општество”. На трибината беа претставени релевантни истражувања за менструалните предрасуди и менструалната стигма, со посебен фокус на менструална правда во македонското општество.

На трибината говореа Маја Морачанин – пратеничка и претседателка на зелената партија ДОМ, Катерина Иванова – претставничка на невладината организација ХЕРА, Јана Коцевска – претставничка на невладината организација „Тиииит! Инк.“ и Наташа Доковска – претставничка на невладината организација “Новинари за човекови права”.

Маја Морачанин истакна дека е потребно намалување на данокот на хигиенски средства за менструација од 18 на 5 проценти и целосно ослободување од данок на еколошките хигиенски средства за менструација, а училиштата да обезбедат бесплатен пакет влошки за ученичките.

За да се разбијат предрасудите и менструалната стигма, потребно е да се воведе сеопфатно сексуално образование во училиштата, нагласи Катерина Иванова.

Потребна е стратегија за репродукривно и сексуално здравје и платформа за заедничко застапување на оваа проблематика во општеството, нагласи Јана Коцевска.

Наташа Доковска ја истакна важноста за адаптација на тоалетите во институциите, еколошки безбедни хигиенски средства, проблемот со отпадот и месечно платено отсуство за време на менструалниот циклус.

Учесниците на дебата ги поддржаа предлозите и нагласија дека овој проблем е од сензибилен карактер бидејќи се работи за јавно здравје и хигиена и истио не може да се реши за краток период, потребно е планско и стратешко делување со вклучување на сите субјекти од политичкиот и општествениот живот и оваа трибина е само почеток на актуелизирање на прашањето за менструална правда.

Силвана Кржовска предложи дел од средствата коишто ги имаат училиштата да се одвојат за менструални производи во училишните тоалети, кои би биле достапни за ученичките.

Пратеничката Маја Морачанин најави дека ќе побара јавна дебата на оваа тема во Собранието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски

Мисајловски од состанокот за спроведување на Националната развојна стратегија: Инвестираме во одбраната и армиските капацитети за безбедна држава и сигурни граѓани