Утрински Весник
Македонија

Делчевци купувале со лажни банкноти од 50 евра

Делчевци купувале со лажни банкноти од 50 евра

Полицијата од Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишник од овој град и против Б. И. од делчевското село Град, со престојувалиште во Италија, поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Како што информираат од МВР, во периодот од 25 октомври до 27 ноември минатата година малолетникот набавил и држел кај себе повеќе фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра, од кои четири пуштил во оптек во продажни објекти и менувачница во Македонска Каменица.

При претрес кај него биле пронајдени и одземени 35 банкноти.

Б. И. зел една фалсификувана банкнота од малолетникот и му ја дал на друго лице, кое, незнаејќи дека е фалсификувана, ја пуштило во оптек во продажен објект во Делчево.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево