Утре во МКЦ ќе се одржи меморијален концерт во чест на Александар Николовски, истакнат македонски музичар кој твореше и настапуваше со повеќе џез состави. Тој остави значаен белег во македонската џез музика со својот единствен и препознатлив лиричен звук и овој настан преставува можност да се изведе музиката која тој сакаше да ја свири.
На концертот ќе настапат групите со кои тој создаваше различни форми на џез музика – Next to Silence, Sethstat и FIN Project, како и нивните гости Ади Имери, Сашо Гигов Гиш, Калина Велковска, Петар Христовски, Сенад Усеин, Горан Трајковски, Зарина Првасевда и Иван Петровски. Воедно овој настан ќе биде убава прилика на едно место да се соберат неговите соработници и пријатели, и со музика да се поздрави она што Александар Николовски го остави зад себе.
Влезот на концертот е бесплатен, но поради ограничените места за седење ќе биде неопходно да се набави билет. Билети може да се набават на сајтот на МКЦ, кои исто така учествуваат во реализацијата на овој настан (https://mkc.mk/event/memorijalen-koncert/).
Текстот Меморијален концерт во чест на Александар Николовски е превземен од МАКФАКС.