Утрински Весник
Македонија

Мелничарите кажуваат дека немаат веќе резерви наспроти тврдењата на Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мелничарите кажуваат дека немаат веќе резерви наспроти тврдењата на Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта на СДСМ и ДУИ лажеше дека Македонија има доволно пченица, а сега најавуваат дека ќе бараат од Бугарија и од Србија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнаа дека власта на СДСМ и ДУИ самата изјави дека знаеле каква криза ја очекува државата уште од ноември и не се подготвиле на време, како што тоа го правеле одговорните власти од другите земји.

„Власта на СДСМ и ДУИ тврдеше дека резервите се полни, а сега се доведуваме во ситуација мелничарите да алармираат дека нивните резерви со пченица се за период од неколку дена и дека ако не внесеме пченица од странство нема да има што да обработуваат. Состојбите се алармантни, а владата очигледно дека нешто мати. Ако има пченица како што тврдат Николовски, но и целата влада, зошто не се интервенира на пазарот со домашните резерви за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?“, се наведува во соопштението.

Оваа влада, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, дозволи народот плаќа 110 отсто поскап леб од лани, но постојат стравови дали воопшто има Македонија доволно пченица и дали ако се увезе ќе се увезува многу поскапо што уште еднаш ќе удри по стандардот на граѓаните

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари