Утрински Весник
Свет

Мелинда и Бил Гејтс се разведуваат

Мелинда и Бил Гејтс се разведуваат
Ss2

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. Двајцата објавија изјава на „Твитер“ со која потврдија дека по 27 години на бракот му дојде крајот.

„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во текот на изминатите 27 години одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Продолжуваме да веруваме во оваа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но веќе не веруваме дека можеме да растеме во пар во следната фаза од нашите животи“, гласи објавата на „Твитер“.

Img 5587

Тие беа во брак 27 години. Се запознаа кон крајот на осумдесеттите години кога Мелинда се приклучи на компанијата на Бил „Мајкрософт“, а се венчаа во 1994 година. Имаат три деца, а за време на бракот станаа филантропи и ја основаа огромната фондација „Бил и Мелинда Гејтс“.

Организацијата потроши милијарди во борбата против заразни болести и поттикнување на вакцинирање на деца.

Ss1

Можете да прочитате

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години

Иран воведе санкции кон САД и Велика Британија поради поддршката на Израел

Трамп одби да вети дека ќе ги прифати резултатите од изборите во 2024 година