Утрински Весник
Свет

Мелбурн останува под строги мерки и покрај незадоволството на граѓаните

Мелбурн останува под строги мерки и покрај незадоволството на граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Жариштето на епидемијата на коронавирусот во Австралија сè уште е во државата Викторија, каде бројот на нови случаи не се намалува со очекуваното темпо, па затоа денеска беше донесена одлука за продолжување на строгите вонредни мерки до крајот на септември.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус денеска го продолжи времетраењето на строгиот режим до 28 септември и претстави план за постепено ублажување на ограничувањата во следните два месеца, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Засега, не смееме да ги олеснуваме рестриктивните мерки затоа што многу брзо би ја загубиле контролата“, соопшти Ендрјус на прес-конференција.

Викторија е епицентарот на вториот бран на епидемијата и во овој момент има 75% од вкупниот број на заразени лица во Австралија.

Австралиската полиција вчера уапси десетици лица на протестите во Мелбурн против строгите мерки за борба против коронавирусот.

Протести се одржаа и во Сиднеј, Бризбејн, Аделаида и Перт.

Иако се очекуваше премиерот на Викторија денека да објави олабавување на некои мерки, тој одново повика на претпазливост.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва: Ја потврдуваме нашата солидарност со венецуелскиот народ

Откриено која американска единица го заробила Мадуро

Мадуро заробен и изнесен од државата, соопшти Трамп