Утрински Весник
Свет

Меланија ја преуреди градината на Белата куќа, Американците сметаат дека ја уништила

Меланија ја преуреди градината на Белата куќа, Американците сметаат дека ја уништила

Меланија Трамп се пофали на „Твитер“ со реновираната градина сместена во резиденцијата на Белата куќа, позната како Роуз гарден.

Изгледот на градината првично бил дизајниран од Џеки Кенеди во раните 60-ти години. Шарени лалиња, рози, дрвја магнолија и јапонски цреши во комбинација со белите sидови на претседателската резиденција.

Сегашната прва дама ја уреди градината во минималистички стил. Таа дури и отстрани некои дрвја, а шарените цвеќиња ги замени со бели, кои се речиси незабележливи.

„Возбудени сме што ѝ оддаваме почит на историјата и ја славиме иднината во нашата прекрасна White House Rose Garden вечерва. Ви благодарам на сите што помогнавте да се врати овој култен и навистина убав простор“, напиша Меланија на „Твитер“ заедно со фотографиите од реновираната градина.

На Американците воопшто не им се допадна новиот изглед на Роуз гарден, а своето незадоволство го искажаа на социјалните мрежи.

„Меланија Трамп направи Роуз гарден да личи на нејзиното семејство – студено и празно“, „Рајот го претвори во паркинг“, „Трудот и работата на славната Џеки Кенеди успеа целосно да ги уништиш. Кој денес сече дрвја?“, се само некои од коментарите на Американците.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија