Мексико ја надмина Италија по бројот на смртни случаи од Ковид-19 и стана четврта земја во светот по бројот на смртни случаи.
Според податоците објавени од Министерството за здравство, во Мексико починале 35.006 луѓе како резултат на Ковид-19.
Во текот на изминатите две недели вкупниот број на смртни случаи во Мексико го надминаа и Шпанија и Франција.
Вкупно 299.750 луѓе се заразени со коронавирус во Мексико.
Здравствените власти изјавуваат дека реалниот број на заразени е веројатно значително поголем од пријавените случаи.
Најголем број смртни случаи од последиците од коронавирус има во САД, а потоа следуваат Велика Британија и Бразил, пренесува „Ројтерс“.
Латинска Америка е сè поголемо жариште на коронавирусот.