Утрински Весник
Свет

Мексиканските нарко-картели им помагаат на сиромашните во борба против коронавирусот

Мексиканските нарко-картели им помагаат на сиромашните во борба против коронавирусот

Мексико е една од земјите со најголем број на инфекции со коронавирус во Латинска Америка.

Земјата со месеци беше затворена и под рестриктивни, што доведе до тоа многумина да ги загубат работните места.

Владата не е во состојба доволно да им помогне на оние чијшто егзистенција е загрозена.

Според Би-би-си, во ваква ситуација, еден од најмоќните нарко-картели во земјата се обидува да им помогне на сиромашните.

Тие сега пакуваат туна, ориз и тоалетна хартија за сиромашните во Мексико, се наведува во извештајот.

„Сега сме им потребни на луѓето повеќе од кога и да било, ние дилерите на дрога, затоа што владата воопшто не им помага. Ние ги снабдуваме селата со храна, помагаме на сите луѓе кои немаат доволно пари да се издржат”, изјавил неименуван член на картелот.

Пакетите за помош се спакувани во вреќи со натпис „Ел Чапо“, што е прекар на добро познатиот нарко-бос Хоакин Гузман, кој се наоѓа во американски затвор.

Според една локална жителка која ја прифатила помошта, луѓето мислат дека тоа се валкани пари.

„Но, вистината е дека тоа ни помага. Факт е дека тие ни даваат храна, тие ни помагаат“, објаснила таа.

Експертот за безбедност, Гернардо Родригез, за Би-би-си вели дека картелите не можат да бидат Робин Худ.

„Во замена за помошта, тие добиваат помош од народот, затоа што за нив е важно да го имаат тој социјален штит, кој ги прикажува во добро светло“, изјави тој.

Според статистиките, од 2006 година повеќе од 250.000 луѓе биле убиени во судирите меѓу картелите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

Напаѓачот на Фицо призна вина