Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мекнил го плукнал Алиоски? ФА ќе го истражува случајот

Мекнил го плукнал Алиоски? ФА ќе го истражува случајот
Img 7972

Езџан Алиоски и неговиот потег, со кој на Двајт Мекнил од барнли му покажа дека се однесува како кловн е тема на денот во Англија.

Видеото експресно стана хит на социјалните мрежи, а од Барнли уште си ги лечат фрустраициите. Лидс јунајтед го декласира Барнли со 4:0, а по мечот Мекнил го обвинил Алиоски за недолично однесување.

Менаџерот на Барнли, Шон Дајч најави дека клубот ќе го пријави Алиоски во Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

„Однесувањето на Алоски го наведовме во записникот, ФА ќе мора да ја разгледа целата ситуација“.

Оваа пријава на Барнли и Мекнил може да им се „удри од глава“, бидејќи на едно . се забележува дека Мекнил плука во правец на Алиоски додека овој лежи на тревата.

> Мекнил го плукнал Алиоски? ФА ќе го истражува случајот <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025