Утрински Весник
Спорт

Мекларен се спаси од банкротот со заем од 150 милиони фунти

Фредерик Васер: Ќе беше нечесно да се одржи австралиското Гран-при без учество на Мекларен

Вокинг, 30 јуни 2020 (МИА) – Тимот на Мекларен во Формула 1 ќе избегне банкрот оваа година, откако обезбеди заем од Националната банка на Бахреин.

Тие ќе издвојат 150 милиони фунти, со кои легендарниот британски тим ќе мора да се справи со последиците од пандемијата од коронавирус уште од март.

Компанијата забележа загуби од 122 милиони фунти за првиот квартал од годината и отпушти вкупно 1.200 вработени, од кои 70 од тимот што се натпреварува во Формула 1.

Тимскиот шеф Зек Браун се надева дека финансиската инјекција ќе му помогне на Мекларен да се стабилизира, сè додека економијата не се опорави и пазарите повторно не започнат да работат нормално.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот