Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мекларен и Ферари се обврзаа за настапи во Формула 1 до 2025 година

Мекларен и Ферари се обврзаа за настапи во Формула 1 до 2025 година
300x250 opst2

Двата историски најуспешни Формула 1 тимови, Ферари и Мекларен, потврдија дека го потпишале новиот таканаречен Конкорд договор со Ф1 со што се осигурува нивната иднина во спортот барем до 2025 година.

Двата тима уште пред неколку недели потврдија дека се задоволни со договореното со шефовите на Формула 1, додека други одредени тимови, посебно Мерцедес имаа загриженост и незадоволство околу одредени делови.

„Мекларен потврдува дека е потписник на новиот Конкорд договор со кој се уредува Формула 1 до 2025 година, што е уште една потврда на долгорочната посветеност кон спортот. Ф1 направи голем чекор кон трансформација во оддржлив бизнис со јасна иднина и ова е вистински договор за спортот, сопствениците на тимови и фановите“, изјави генералниот директор на Мекларен, Зек Браун.

И генералниот директор на Ферари, Луис Камилери очекува „стабилност и раст“.

„Презадоволни сме што го потпишавме Конкорд договорот, бидејќи тој е важен чекор да се осигура стабилноста и раста на спортот. Соработката со ФИА и со Либерти медија може да го направи спортот уште поатрактивен и во исто време да се заддржи статусот на ултимативен тест на технологијата. Тркањето е во ДНК-та на Ферари и не е случајност што Скудерија е единствениот тим кој учествувал во сите Ф1 шампионати“, вели Камилери.

> Мекларен и Ферари се обврзаа за настапи во Формула 1 до 2025 година <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион