Џон Мекинро, седумкратниот Гренд сле шампион, изјави дека Ѓоковиќ скапо ќе го плати потегот на ју-Ес опен. Ѓоковиќ, ненамерно со топче погоди една од линиските судии поради што беше дисквалификуван од Ју-Ес опен.
Според Мекинро, кој и самиот во минатото бил дисквалификуван од Австралија опен, Ѓоковиќ не успеал да го издржи притисокот.
„Мислам дека подлегна на притискот. Многу работи се случуваа надвор од теренот и очигледно е дека тоа имаше влијание. Му се допаѓало тоа или не ќе остане лошо момче до крајот на кариерата“, рекол Мекинро.
Мекинро со нетрпение чека да види како Ѓоковиќ ќе одговори на теренот.
„Како ќе се носи со ова што се случи? Сака да влезе во историјата, да ги престигне Надал и Федерер. Помлад е од нов, тоа го знаеме сите и многу работи се во негова полза. Сепак ова е дамка која никогаш нема да може да ја избрише. Ќе биде интересно да се види како ќе го реши ова. Не реков дека нема да закрепне од ова што се случи“.
За крај Мекинро постави серија на прашања.
„Како ќе се носи со ова? Каква ќе биде реакцијата на другите тенисери? Какви реакции ќе добие кога ќе се вратат навивачите? Во овој момент нема одговор на овие прашања. Шокиран сум што го направи тоа во ситуација кога е апсолутен фаворит“, порачал Мекинро.
> Мекинро: Ѓоковиќ ќе биде лошо момче до крајот на кариерата <