Утрински Весник
Економија

„Мекдоналдс“ привремено повлече одредени производи во Австрија поради недостиг на намирнци

„Мекдоналдс“ привремено повлече одредени производи во Австрија поради недостиг на намирнци

Недостигот од одредени прехранбени производи деновиве го погодува и синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ во Австрија, пред се поради доцнењето во синџирот на снабдување.

Така, љубителите на брзата храна во „Мекдоналдс“ повеќе не можат да ги нарачуваат сите производи на менито, бидејќи многумина го имаат знакот „распродадено“ или „не е достапно“.

„Омилените стандардни производи, како Биг Мек, чизбургер и слично, засега не се погодени“, вели Вилхелм Балдија, портпарол на „Мекдоналдс“ во Австрија.

Тој рече дека привремено е прекината продажбата на одредени производи кои се нуделе за појадок, како и одредени колачи и пити.

Тоа во најголем број се производи за чија подготовка е потребно брашно, додава Балдија.

Тој истакна дека ова нема никаква врска со војната во Украина, туку дека е доцнење на синџирот на снабдување.

„Нашите состојки најчесто ги купуваме во Австрија. Посебно телешкото месо, компирите, јајцата и млечните производи“, објасни тој.

Балдија ги уверува љубителите на брза храна дека целиот асортиман ќе биде повторно достапен веќе следната недела.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло