Утрински Весник
Свет

Мекдоналдс најде купувач за ресторани во Русија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Популарниот американски синџир за брза храна Мекдоналдс денеска објави дека започнал процес на продажба на своите ресторани во Русија на еден од носителите на лиценцата во таа земја, откако работел повеќе од 30 години, јавува Анадолија.

Најавено е дека Александар Говор, кој раководи со 25 ресторани во Сибир, е подготвен да купи 850 руски Мекдоналдс ресторани и да ги работи под ново име, а продажната цена не е откриена.

Компанијата во понеделникот соопшти дека ќе ја напушти Русија по инвазијата на Украина.

„Договорот за продажба е предмет на регулаторно одобрување и се очекува да биде затворен во рок од неколку недели“, велат од Мекдоналдс.

Спич, која ја поседува лиценцата од 2015 година, се согласи да задржи 62.000 вработени најмалку две години под исти услови како и Мекдоналдс, како и да им исплати плати до затворање на продажбата,пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп