Утрински Весник
Спорт

Мекгрегор се враќа

Мекгрегор се враќа

Конор Мекгрегор ги објави плановите за враќање во октагонот. На „Твитер“ Ирецот потврдил дека ја прифатил понудата на УФЦ за борба против Џастин Поирие на 23 јануари 2021 година.

„Го прифатив 23 јануари“, напишал Мекгрегот најавувајќи дека борбата би можела да се одржи на стадионот на Далас Каубојс во Тексас, САД. Поирие во кариерата има скор од 26 победи, шест нерешени борби и еден пораз кој го доживел токму од Мекгрегор во 2014 година.

Последниот меч го имал во јуни годинава кога го победил Ден Хукер.

Ова значи дека Мекгрегор повторно се враќа од пензија. Втор пат тој реши да се пензионира пред една година по мечот со Доналд Сероне.

> Мекгрегор се враќа <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда