Утрински Весник
Македонија

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид19.

Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопил во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренел своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнале да се вклучи во работните процеси.

„Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина“, изјавуваат од клиниката.

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог