Утрински Весник
Македонија

Медицински сестри од повеќе болници им помагаат на своите колеги на Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“

Медицински сестри од повеќе болници им помагаат на своите колеги на Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“
Dik 300x250 mk

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – На Клиниката за инфективни болести се упатени триесеттина медицински сестри од повеќе болници во државата. Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“, напиша на својот ФБ профил државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

Во овие две јавни здравствени установи, посочува Милошев, приемот на заболени од Ковид-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети.

Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги, напиша Милошев. рп/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство