Утрински Весник
Македонија

Медицинска помош од Црвената полумесечина на Турција

Медицинска помош од Црвената полумесечина на Турција

12 мај 2020 

Со големо задоволство и гордост Ве известуваме дека во координација и локална поддршка на Демократската партија на Турците во Северна Македонија, денеска во нашата држава од Република Турција, односно од Турската црвена полумесечина пристигна медицинска помош.

Познато е дека за време на пандемијата на коронавирус, Република Турција во неколку наврати испрати безусловна помош и даде секаква поддршка на нашата земја со што уште еднаш покажа дека е верен пријател на нашата земја. Заради истото во име на нашата држава и нашите граѓани се заблагодаруваме на Претседателот на Република Турција г-дин Реџеп Тајјип Ердоган, на сите овластени лица, на сите служби вклучени во процесот, на Претседателот на Турската црвена полумесечина и целокупната екипа на институцијата.

При овој процес Демократската партија на Турците во Северна Македонија уште еднаш покажа дека освен Турскиот народ во РСМ, работи за целокупното население на нашата држава и е вклучена во секој процес потребен за подобра заедничка иднина. Пристигнатата медицинска помош со заедничката работа и координација меѓу нашите институции ќе бидат дистрибуирана до оние институции кои имаат потреба.

 Демократска партија на Турците

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ