Утрински Весник
Македонија

Медицинската струка најбарана на уписот за средно во Прилеп 

Медицинската струка најбарана на уписот за средно во Прилеп 

Прилеп, 16 јуни 2020 (МИА) – На уписите во петте средни училишта во Прилеп, најголем интерес има за медицинските струки. Првиот ден од првото пријавување во јуни денеска се спроведува со заштитни мерки и со прием на документите по азбучен ред, како што наложи протоколот од Владата.

Меѓу пет струки во средното училиште „Ѓорче Петров“ е и медицинската. Директорот Страшо Ѓорѓиески рече дека од медицинската струка има насоки за медицински сестри, за гинеколошко-акушерски, за физиотерапевтски и за фармациски техничар, за што има најголем интерес.

-Тука се струките за услужни дејности, фризерско и козметичарска насока за што има  голем интерес. Тука се дрвната, текстилната, рударско-текхничката струка, објасни Ѓорѓиески.

Според Каролина Николоска, советник за образование во локалната сампоуправа, годинава има 680 полуматуранти во кои и 100 од другите општини. Иако има доволно слободни места, рече таа, и натаму интересот е најголем за медицински струки, а потоа за упис во гимназијата и во електро-машинското училиште.

-Во петте средни училишта во Прилеп има 1546 слободни места. Но станува најголем интересот за медицинските струки каде што за едно место се пријавуваат и по тројца кандидати. Таму се бараат минимум 70 бода. Во гимназијата се 306 слободни места, а и таму интересот е голем. Изненадува електромашинското средно училиште каде што сè повеќе ученици сакаат да се запишат. Особено во дуалното образование и ќе побарам уште две паралелки. Тука финансираат компаниите за профилите кои ги бара пазарот на трудот. За жал, последниве години најмалку интерес има во економското средно училиште и во хемиско-тутунското. Но конкретно ќе знаеме со крајот на овој прв уписен рок кој завршува в петок, а попладнето ќе ги има резултатите, рече Николоска. ем/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од полноќ намалување на цените на горивата

Од полноќ намалување на цените на горивата

Ковачевски: Од минималната плата од 8 илјади во 2017, сега стигнавме до 24 илјади денари