Утрински Весник
Свет

Медведев: Русија би можела да ја врати смртната казна

Медведев: Русија би можела да ја врати смртната казна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседателoт на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Русија може да ги прекине сите дипломатски односи со Западот. Во соопштение на социјалната мрежа „Телеграм“, РИА Новости напиша дека Медведев рекол дека е време амбасадите да се стават под клуч и дека Москва ќе продолжи со своите напади против Украина.

Тој посочил дека суспензијата на членството на Русија во Советот на Европа може да значи дека Русија може да ја врати смртната казна.

„Ова е добра можност да се обноват голем број важни институции за да се спречат особено сериозни злосторства во земјата – како што е смртната казна за најопасните криминалци, која, патем, активно се користи во САД и Кина“, се вели во соопштението.

Што се однесува до санкциите, Медведев вели дека ќе бидат конфискувани средствата на странците и странските компании. Медведев додава дека не е исклучена можноста за национализација на имотот на странски компании регистрирани во ЕУ, САД и други, како што вели, непријателски јурисдикции.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин