Утрински Весник
Сцена

Меган Фокс веќе не ја крие својата нова врска

Меган Фокс веќе не ја крие својата нова врска

Лос Анџелес, 15 јуни 2020 (/) – Истиот ден кога нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин беше затечен од папараците со новата девојка Кортни Стоден (инаку 21 година помлада од него), глумицата Меган Фокс, „официјално“, им призна на своите обожаватели дека се гледа со четири години помладо момче – раперот Машин ган Кели.

Јавноста, всушност, и претходно знаеше дека Меган и Кели (вистинско име: Колсон Бејкер, 30-годишен), се во врска, но сега двојката само го потврди тоа.

Имено, прво, на новообјавените папарацо-слики од Калифорнија, се гледа како глумицата и раперот не се ни трудат да глумат пред фотографот. Додека оделе кон автомобилот се сликани како се држат за рака, а во возилото следел страстен бакнеж.

Подоцна, раперот на Твитер напиша: „Ќе те нарекувам моја девојка, што ги вртам… Животот ја имитира уметноста на тоа.“  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка