Утрински Весник
Магазин

Меган Фокс веднаш знаела дека раперот Кели е нејзина сродна душа

Меган Фокс веднаш знаела дека раперот Кели е нејзина сродна душа

Sвездата на „Трансформерс“ Меган Фокс го запозна своето сегашно момче Ричард Колсон Бејкер, попознат како Машин-ган Кели, на снимањето на филмот Midnight in the Switchgrass. Таа знаела дека тој е вистинскиот штом првпат се погледнале.

Во интервју за „Вашингтон пост“ актерката рече: „Првиот пат кога погледнав во неговите очи, почувствував како да го познавам. Си помислив: те познавам многу пати, во различни форми, во различни животи. Ти си моја сродна душа.“

Раперот претходно призна дека не знаел што е љубов сè додека не ја запознал Меган. “Не знаев што е љубов сè додека јас и таа воспоставивме контакт со очите. Откако го завршив поголемиот дел од албумот Tickets to my Downfall, се вљубив за првпат.“

А, Меган неодамна на своето момче му даде шишенце со нејзина крв на ѓердан, за да не му недостасува кога ќе замине од земјата на снимање филм.

Можете да прочитате

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри