Утрински Весник
Македонија

МД „Илинден“: Најостро ја осудуваме најновата провокација на БАН

МД „Илинден“ упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан

Тирана, 8 мај 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ во Тирана најостро ја осудува, како што наведува, најновата провокација на Бугарската академија на науките (БАН) со издавањето на книгата „За официјалниот јазик на Северна Македонија” во која македонскиот го нарекува северно македонски бугарски јазик.

-Во име на Македонците во Албанија најостро го осудуваме однесувањето на БАН и порачуваме дека ниту Македонците се Бугари, ниту македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик! Со индигнација го отфрламе антимакедонизмот и го сметаме за несериозно и смешно однесувањето на БАН со вакви книги и повторното пласирање една небулозна теза, дека не постои македонскиот јазик, стои во реакцијата на друштвото.

Оттаму додаваат дека со „своите скандалозни книги“ Бугарската академија на науките потврдува дека воопшто не го заслужува местото во семејството на европските академии за науки.

-Однесувањето на Бугарската академија на науките кон Македонците е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика од времето на Санстефанска Бугарија од 1878 година. Иронијата да биде поголема, денес Софија „се бори” против руското влијание во Бугарија, заборавајќи дека и државата Бугарија и Санстефанска Бугарија се производ на Русија, се наведува во реакцијата.вт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: „Галичка свадба” ја отсликува македонската народна традиција и култура

Али Ахмети се сретнал со албанскиот претседател

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ