Утрински Весник
Македонија

МВР: Приведени 92 лица што не ја почитувале забраната за движење

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска МВР.

Во текот на изминатиот ден, на територијата на Република Северна Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.

МВР додава дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација. нд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Моќен циклон од Џенова следната седмица носи опасност од поплави на Балканот и во Македонија

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ