Утрински Весник
Македонија

МВР: Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело кое нема да се толерира

Синдикатот на полицијата обвинува за притисоци на вработени да гласаат за одредена партија

Во врска со

Кога вака у Чаир…Е на ова дереџе ни е спадната државата! pic.twitter.com/QvpTKeozms

— Charles Boycott (@JohnnyParka) October 6, 2020

“>видеото

каде е нападнат полициски службеник и кое денеска се споделува на социјалните мрежи, а во јавноста беа пласирани конструкции и лаги, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека настанот се случил на 04.10.2020 околу 02.40 часот на ул. Костурски херои, пред пекара и дека напаѓачите се приведени и против нив, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Настанот е објавен и во извадокот од дневниот билтен што секојдневно го објавува Министерството за внатрешни работи.

Имено, двајца полициски службеници вршејќи мотопатролна дејност на оваа улица забележале лице кое не носело заштитна маска, а било и под дејство на алкохол и од него побарале лична карта со цел негово легитимирање. Лицето рекло дека не носи лична карта и почнало агресивно да се однесува кон полициските службеници, по што дошле и други лица, а едно од нив физички нападнало полициски службеник.

Лицата веднаш се лишени од слобода и спроведени во ПС Центар, каде им бил утврден идентитетот. Лицето што не носело маска и агресивно се однесувало е А.Т. (20) од Скопје, а лицето што физички нападнало полициски службеник е И.М. (22) исто така од Скопје.

За целиот настан е изготвен соодветен службен материјал. Секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот. Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”