Утрински Весник
Македонија

МВР: Граѓаните да внимаваат на измами, министерството не користи електронска пошта за испраќање на покани

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Лажни покани во врска со наводна тековна истрага се испратени до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на Министерството за внатрешни работи, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, информираат од МВР.

– Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки. аа/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата