Скопје, 29 јуни (МИА) – На 28.06.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Александар Македонски“ го лишиле од слобода М.В.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.
На 28.06.2020 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ја лишиле од слобода В.Р.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.06.2020 околу 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Свети Николе од полициски службеници од Полициска станица Штип, по претходно добиено известување, биле пронајдени девет лица-мигранти од Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител и по негова наредба лицата- мигранти се пренесени во ПТЦ „Винојуг“ Гевгелија.
На 28.06.2020 во 15.20 часот било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на надвозникот „Инџиково“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(56) од Скопје и патничко возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, кое поради дефект, од страна на возачот М.К.(35) од Дебар било паркирано на десната страна од коловозот. Во незгодата Т.Б. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 28.06.2020 во 13.25 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Орман, охридско, пред мостот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву рејсер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(41) од с.Долно Лакочереј, охридско и трактор „ИМТ“, управуван од Р.Ф.(60) од Охрид. Во незгодата Р.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
На 28.06.2020 во 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Миладиновци – Штип патничко возило „ауди“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(37) од Скопје удрило во заштитната ограда и излетало од патот. Во незгодата, сопатниците во возилото И.Х.(21) и П.Т.(40), двајцата од Скопје, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
На 28.06.2020 во 21.10 часот било пријавено дека во Демир Хисар С.С.(85) од Демир Хисар, управувајќи патничко возило „застава 750“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитна бетонска ограда. По незгодата, возачот бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.
На 29.06.2020 во 02.50 часот во Полициската станица Аеродром Х.С.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ бил каснат од куче скитник.
Во текот на 26, 27 и 28.06.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се девет возила, бидејќи биле нерегистрирани, седум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
На 28.06.2020 во 15.15 часот во Полициската станица Чаир Т.С.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Хо Ши Мин“ неговата 17-годишна ќерка била касната од куче скитник. цр/