Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – На 23.06.2020 во 22,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Босна и Херцеговина“, го лишиле од слобода С.А.(29) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.06.2020 во 01,30 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Кузман Јосифоски Питу“ при извршен преглед кај Х.М.(23) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.06.2020 во 07,47 часот било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, на место викано „Задчука“ атар на с.Ростуше, патничко моторно возило “Тојота“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Т.З.(32) од с.Присојница, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.З, а со телесни повреди се здобил возачот по што биле пренесени во Општата болница Дебар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
На 23.06.2020 во 11,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Ресен во близина на депонијата кај превојот „Буково“, товарно моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ѓ.К.(46) од Ресен излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и совозачот З.Г.(44) од с.Евла-Ресен по што биле пренесени во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
На 23.06.2020 во 16,15 часот во с.Лабуништа кај место викано „Бороечки мост“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Лабуништа при проверка на патничко моторно возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.Р.(69) ги затекнале и привеле А.Ц.(58), К.Ц.(27) и А.Ц.(22) сите од Р.Албанија, поради прекршок по законот за странци, односно нерегулиран престој во РСМ. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
На 23.06.2020 во 19,59 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на плочник во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, 12 годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице. Малолетникот бил пренесен во Градска општа болница„Наум Охридски“ каде од доктор му биле констатирани повреди.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот 23.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, три возачи бидејќи поминале на црвено светло и 37 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
СВР Куманово, до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против С.Д.(23) од с.Биљановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.04.2020 полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Куманово, до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против О.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.03.2020 на ул.„Есперанто“ во Куманово, додека полициски службеници се движеле зад патничко возило „аудиА4“, управувано од А.Р. од Куманово, во кое како совозач се превезувал О.С., забележале како од совозачкото место од прозор биле исфрлени неколку најлонски пакувања. Пакувањата биле одземени и по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за марихуана.бт/