Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – На 17.06.2020 во 02,25 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Коста Новаковиќ“, го лишиле од слобода П.Р.(27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

На 16.06.2020 во 23,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во село Драчево на место викано „Три круши“, ги лишиле од слобода Ф.С.(24) и Т.М.(26) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2020 во 13,30 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Никола Карев“ при извршен преглед кај Б.Д.(20) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2020 во 13,00 часот во Полициската станица Гази Баба А.А.(22) од Крушево пријавил дека на ул.“Јужноморавски бригади“ бил каснат од куче скитник.

На 16.06.2020 во 22,20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари Н.Ј.(24) пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ најзиниот 16 годишен син бил каснат од куче скитник.

Во текот на 16.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкциониран е еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило и 40 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме