Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – На 01.06.2020 во 13.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ ја лишиле од слобода Д.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

На 01.06.2020 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во село Драчево, на место викано „Три круши“, ги лишиле од слобода Д.Г.(37), О.С.(24), Н.Ѓ.(21) и 17 годишник, сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.06.2020 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Љ.Т.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.06.2020 во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ ги лишиле од слобода М.М.(32) и Т.Г.(20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР информираат дека вчера во 18.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, при извршен преглед кај А.А.(24) од Скопје пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.06.2020 во 21.40 часот на паркинг простор од хотел на Попова Шапка полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода М.А.(33) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.06.2020 во 14.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, на место викано „Змејковец“, товарно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(30) од Куманово, излетало од патот и удрило во жичана ограда. По незгодата, сопатникот Р.Р.(41) од Куманово бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

На 01.06.2020 во 14.50 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Аминта Трети“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(28) од Скопје и мопед „пјаџо“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(59) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.06.2020 во 19.40 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Штип патничко возило „бмв“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(38) од Штип, излетало од патот и се превртело. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде бил префрлен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Штип.

На 01.06.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје непознато патничко возило удрило во пешакот Ц.Б.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.06.2020 во 21.50 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци мотоцикл „балтијан“, без регистарски ознаки, управуван од Б.П.(47) од Кавадарци, удрил во ограда од куќа. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

На 02.06.2020 во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на 01.06.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирано е едно возило, бидејќи било нерегистрирано, а 51 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.

На 31.05.2020 околу 10.00 часот во СВР Велес, Г.Н.(71) од Велес пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(МАПА НА ОЧЕКУВАНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПО ГРАДОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД) Погледнете колку ќе изнесува температурата во вашиот град

ДИК в понеделник ќе има на маса 27 приговори за парламентарните избори

Политичките партии поднесоа 27 жалби за парламентарните избори