Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – На 23.05.2020 во 09,33 часот на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија трактор „имб“ со велешки регистарски ознаки управуван од Џ.С.(48) од Гевгелија удрил во мопед „томос апн 6“ без регистарски ознаки управуван од З.П.(72) од Скопје.

Од здобиените повреди при незгодата, З.П. починал на лице место, а од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Од МВР денеска соопштија дека увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 23.05.2020 во 13,15 часот на локален пат за Средно Водно во Скопје патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.А.(29) од Скопје удрил во моторцикл „априлија“ со германски национални ознаки управуван од М.Х.(27) од Скопје. По незгодата М.Џ. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На 23.05.2020 во 15.35 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17 годишна малолетничка бидејќи кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.05.2020 во 20.45 часот на пункт „Стенковец“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(27) од Скопје бидејќи физички нападнал полициски службеници при вршење на службени дејствија.За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.05.2020 во 23.40 часот од ул.10 во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(29) од с.Сингелиќ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело„предвизвикување општа опасност“. На 23.05.2020 во 17,47 часот О.И.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје во близина на новиот дел после подвозникот во близина на Земјоделски институт од патничко моторно возило “фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило “ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот, С.Х.(29) и Р.Х.(58) кои биле на плац во нивна сопственост. По кажување на пријавителот истиот во напаѓачите ги препознал Д.Ј. и А.М. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.05.2020 во 17,00 часот на магистрален пат Штип-Кочани кај с.Крупиште полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.Д.(19), Б.Т.(21) двајцата од с.Ерџелија- Св.Николе и А.В.(21) од Штип затоа што при извршен преглед над нив и возило била пронајдена и одземена прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски