Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 мај 2020 (МИА)На 18.05.2020 во 15.00 часот на регионалниот пат Тетово-Требош, пред Требошки надвозник, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.З.(21) од село Палатица и С.И.(21) од село Требош затоа што при преглед кај Д.З. била пронајдена марихуана, додека кај С.И. бил пронајден метален боксирач. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 18.05.2020 во 17.15 часот на локалниот пат за село Палатица, во непосредна близина на подвозникот кај Желино, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Р.(19), Џ.Б.(19), З.Б.(18), И.Р.(19) и еден 16 – годишен малолетник, сите од село Боговиње, тетовско, затоа што при преглед кај Б.З. и Р.И. била пронајдена марихуана, додека при преглед во возило „голф“, сопственост на Џ.Р., била пронајдена дробилка. Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 18.05.2020 во 13.00 часот во ПС Тетово, 44-годишна жена од Тетово пријавила дека преку кориснички профили на социјалните мрежи на нејзината малолетна ќерка, едно лице ја уценувало дека, доколку не му исплати одредена сума на пари, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Истиот ден во 14.30 часот на улица „Штипска“ во Тетово од слобода бил лишен 16-годишен малолетник Тетово, кој се сомничи дека е извршител на пријавеното дело. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(46) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Тој, на 07.03.2020 во селото Куратица попречувал службени лица од Управа за јавни приходи, кои преземале мерки во угостителски објект во истото село.

На 18.05.2020 во 18.45 часот на ул.„Македонско Косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.К.(28), К.А(28) и М.К.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“. При извршен претрес кај М.К. биле пронајдени и одземени предмети кои потекнувале од кривичното дело. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.05.2020 во 08.50 часот во СВР Охрид, М.Л.(57) од охридското село Лескоец пријавил дека настанал пожар во неговата викенд куќа во селото Скребатно. Според пријавата, пожарот се случил во периодот 17/18.05.2020, при што била предизвикана материјална штета, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 18.05.2020 околу 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Даме Груев“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(54) и Б.Ј.(65), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 и член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 18.05.2020 во 11.40 часот во СВР Скопје, Х.Д.(54) од Скопје пријавил дека на 17.05.2020 околу 18.50 часот на ул.„Џон Кенеди“ бил физички нападнат од А.О. и Ш.О., давјцата од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(32) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на ул.„Јужноморавски Бригади“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот од една страна и Д.К.(31), З.К.(51) и Б.К.(27), сите од Скопје, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2020 околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Иванковци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(59) и М.К.(56), од една страна и В.К.(51) и М.К.(24), од друга страна, сите од с.Иванковци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.05.2020 во Полициската станица Велес Н.З.(40) од Велес пријавил дека околу 10.15 часот пред неговата куќа бил физички нападнат од Н.Т.(47) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.05.2020 во 09.30 часот во ОВР Кавадарци, од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека во близина на Тиквешко езеро, во атарот на с.Ресава, било пронајдено починато лице. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци и било констатирано дека се работи за П.И.(71) од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 18.05.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје, Г.С.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 18.05.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(61) од Скопје пријавила дека во парк на ул.„Дрезденска“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница и на двете раце.

На 18.05.2020 во полициската станица Кичево, Р.М.(57) од Кичево пријави дека на улица „11 септември“ во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 18.05.2020 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Завод за рехабилитација на ул.„Втора Македонска Бригада“ во Скопје во непознат правец се оддалечил нивниот штитеник Д.Б.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Струмица поднесе кривичнa пријавa против 13-годишен малолетник од Струмица и 15-годишен малолетник од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 21.04.2020 година во домот за пензионери на ул.„Ленинова“ во Струмица пријавените со употреба на сила од оштетената М.Л. одзеле пари, мобилен елефон, рачен часовник и златни обетки.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ј.(29) од с.Балиндол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.04.2020 пријавената давала отпор и со нож се заканила на полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и Т.Б.(53) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ во врска со кривично дело „помагање“. На 10.11.2019, пријавениот Б.О., откако му била укажана лекарска помош во ЈЗУ Виница, со пиштол се заканил на докторката, по што пиштолот го дал на второпријавениот, кој го сокрил во куќа во с.Јакимово.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднeсе кривична пријава против О.М. (29) од Крива Паланка, Г.Ѓ.(52) од с.Жидилово и Ј. Ѓ. (22) од с.Жидилово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 13.05.2020 во 11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка. При проверка, полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Ј.(22) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.02.2020 бил извршен претрес на дом и други простории на пријавената, при што биле пронајдени и одземени шест шишиња ,,метадон“, едно шише ,,медоприм-фитофарм“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (67) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, В.Л. (64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“ во врска со „продолжено кривично дело“ и против З.Д. (64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово, постапувајќи по Пријава за узурпација на државен имот, при вршењето на инспекцискиот надзор, иако забележала и знаела дека 10 лица-сопственици на имоти во Куманово кои во период од 2015 до 2017 година имаат узурпирано државно земјиште во вкупна површина од 1.156 м², не извршила инспекциски надзор кај сите 10 и притоа не ја констатирала реалната состојба. Второпријавената – Раководител на Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при општина Куманово и непосредено претпоставено службено лице на првопријавената, пропуштила должен надзор и несовесно постапила во вршењето на своите службени овластувања и должности. Иако била запознаена и свесна за погоре наведената состојба, не презела никакви мерки за административно извршување на донесените правосилни и извршни акти. Третопријавениот, вршејќи работи од јавен интерес и должност како Градоначалник на општина Куманово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, при што не постапил по Решение донесено од Управен инспектор од Куманово при Државниот управен инспекторат со кое што бил лично задолжен да преземе мерки и дејствија, со што им овозможил на лицата и понатаму противправно да го користат државното земјиште, со што нанел штета на имотот на Р.С. Македонија.

СВР Штип, СВР Скопје и СВР Битола поднесоа 45 кривични пријави против С.А.(27), Д.В.(41), Д.О.(38), И.М.(27), М.И.(45), Р.Д.(23), Г.И.(28), Џ.Ш.(29), сите осум од Штип, В.С.(42), Н.М.(42), Б.А.(59), тројцата од Виница, Д.Б.(45) од Пехчево, В.Д.(35), Е.А.(35), А.А.(20), тројцата од Берово, И.Г.(30) од Пробиштип, К.М.(18), Р.М.(55), Т.К.(19), М.Ј.(55), А.А.(53), П.Н.(41), А.Н.(29), Ж.С.(41), О.Х.(32), Н.А.(22), К.Ј.(21), П.Ј.(22), М.Д.(29), К.Т.(31), С.М.(30), Д.Б.(20), М.Н.(27), сите 17 од Скопје и биле лишени од слобода, К.Р.(42), А.Р.(35), Б.Џ.(37), Е.Ј.(21), Д.Ј.(35), С.У.(51), А.М.(28), С.С.(39), Т.Т.(58), сите девет од Битола, О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(31), тројцата од Долно Српци – Могила, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. миа/миа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен е 39-годишен скопјанец – ја нападнал својата 76-годишна мајка

Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте

Јаневска: Историјата повторно ќе биде посебен предмет