Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – На 07.05.2020 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Милан Зечар“ го лишиле од слобода Г.Н. (42) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и ризли. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2020 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Ташко Караџа“ ги лишиле од слобода Р.И. (27) и Б.А. (20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, а кај Р.И. бил пронајден и нож. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2020 во 18:30 часот во реонот на село Живојно, од патролен тим од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, четири лица биле откриени и спречени во обид илегално да ја преминат државната граница од земјава во Грција. Поради непоседување документи за идентификација, тие биле приведени во полициска станица, при што бил утврден нивниот идентитет, односно станувало збор за A.Х.(43), E.T.(21), и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Албанија. Со наведеното дејствие тие сториле прекршок по член 9 став 1, а казниво по член 68 ст.1 т.1 од Законот за гранична контрола. Од страна на Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Битола им било издадено решение за протерување на странец од С. Македонија.
На 07.05.2020 во 11:55 часот на ул.„Војдан Чернодрински“ Л.Е.(35) од Скопје се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.
На 07.05.2020 во 14:50 часот во Полициската станица Центар Р.Т.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
СВР Куманово на 07.05.2020 поднесе кривична пријава против Р.С. (29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, на 06.05.2020 во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба. Од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 07.05.2020 во 11:10 часот во Полициската станица Кисела Вода М.Н. (58) од Скопје пријавил дека на бул.„Србија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака. фф/сп/