Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Светската награда за хуманизам за 2020 врачена на академик Георги Старделов

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, со што го достигна просечното ниво за мај, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите на останатите две природни езера се исти како вчера, но нивото на Преспанското Езеро е за 97 сантиметри пониско од просечното, додека на Дојранското е за 2,94 метри повисоко од повеќегодишниот просек за мај.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово