Скопје, 24 април 2020 (МИА) – На 23 април околу 16.50 часот во близина на бензинска пумпа во Битола од полициски службеници од СВР Битола, по претходна наредба од Основен суд Битола, ги лишиле од слобода А.Н.(39) од с.Дихово, битолско, и А.И.(20) од Куманово, бидејќи при преглед над возило и на пријавените, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.04.2020 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лондонска“, го лишиле од слобода М.М.(24) од с.Сарај, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.04.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“, го лишиле од слобода Г.С.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.04.2020 во 23.40 часот во Полициска станица Радовиш се лишени од слобода А.С. (33) од Штип и Е.Б. (18) од Радовиш, кои од страна на полициски службеници од Полициска станица Радовиш биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на ул.„Коџа Баир“ во Радовиш. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.04.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Петровец-с.Огњанци, З.О.(21) од с.Огњанци, управувајќи патничко возило „застава југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(18) од с.Огњанци, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил и возачот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
На 23.04.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Центар Б.Л.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Максим Горки“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
На 24.04.2020 година околу 06.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка. Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот.
На 23.04.2020 во 17.30 часот во Полициската станица Гази Баба С.С.(24) од Скопје пријавила дека на кејот на реката Вардар, во нас.Ќерамидница била касната од куче скитник во пределот на нозете.оџ/